Прегазил пешак и побегнал, полицијата го пронашла

Макфакс

07/07/2022

14:47

2.067

Големина на фонт

а а а

На 07.07.2022 околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул.„Јордан Мијалков“ и ул.„Македонија“, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје.

По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.

По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг