ТФТ ќе се судри со тимот на Кочов во Лигата на шампионите

Дерби

07/07/2022

13:22

21.329

Големина на фонт

а а а

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ТФТ Скопје ќе се обиде да се промовира на меѓународната сцена и ќе биде дел од Лигата на шампионите на ФИБА.

Секако желбата, целта е да се дојде до групната фаза, но за тоа ќе мора да се минат неколку рунди од кои првата е против германскиот тим Најнерс Кемниц. Тоа е епилогот од денешната ждрепка во Швајцарија која на клубот од Тафталиџе му донесе соочување со тимот во кој работи нашиот стратег и екс тренер на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов.

Ако момците на Боро Смилковски ја минат оваа пречка тогаш ќе се соочат со Фрибург Олимпик од Швајцарија, додека во „финалето“ би налетале на подобриот од Лестер, Волунтари и Тофаш.

Квалификациите се играат од 21 септември, групната фаза во ЛШ стартува на 4 октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг