Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја најави својата оставка, по што британската јавност не го криеше своето задоволство и ја поздрави одлуката.
Оваа одлука на Џонсон доаѓа откако голем број од државните функционери во последните 24 часа поднеле оставка, а судејќи по објавите на социјалните мрежи вестите за оваа оставка биле дочекани со радост.
Имено, британските медиуми, британската јавност, како и Твитер заедницата ја поздравиле одлуката на Џонсон за оставка од место на премиер и не требало многу време да помине за да стане главна, трендинг тема на социјалните мрежи.
Така на голем дел од фотографиите од британскиот премиер кои се појавија на социјалните мрежи, Џонсон е нашминкан и облечен како кловн, но и како главниот јунак од филмот „Џокер“ којшто претставува целосна анархија на крајот од филмот.
„Економист“, британскиот весник којшто се занимава со надворешна политика, веста за оставката на Џонсон ја пренел преку илустрација на премиерот облечен во кловн, со коментар: „Падот на кловнот, Британија после Борис“.
Една од шегите е извлечена од сцената на „Симпсонови“, на која известувачот вели: „Глупави зборови, глупави пи*ки“.
Покрај тоа во коментар пишува: „Ќе ве поштедам од траумите да го слушате говорот на Џонсон каде дава оставка“.
На една од фотографиите илустрираниот Џонсон е во алкохолизирана состојба, како спие гол, а покрај фотографијата пишува: „Забавата е конечно готова“.
„Социопат којшто никогаш нема да порасне, којшто мисли дека светот е негов, којшто користи сè за да го добие тоа што го сака, се надеваме дека ова е крај на неговата улога премиер“, се наведува во еден твит на кој е објавена фотографија од Џонсон кога бил дете.
Корисничката Амра Вотсон наведува дека секој кој има малку мозок би можел да ја предвиди оваа ситуација.
Таа споделила фотографија на која зад Џонсон гори куќа, заедно со британско знаме, со негов коментар: „Па ајде, што очекувавте?“.
„Кога ќе изберете лажго како лидер, што може да очекувате“, прашала Амра.