(Видео) Светската престолнина на напади од ајкули: Загризите на предаторите таму се 10 пати почести од било кое друго место на планетата

Точка

07/07/2022

12:50

5.534

Големина на фонт

а а а

Флорида можеби е позната по убавото време и плажите, но еден одреден град го бие лош глас поради нешто застрашувачко.

Њу Смирна Бич на источното крајбрежје од Флорида, годишно во просек бележи девет напади од ајкули врз основа на петгодишен просек.

Неофицијално е наречен светска престолнина на напад од ајкули, а уште еден маж неделава е хоспитализиран со повреди, откако сурфал во близина на пристаништето на плажата, а го нападнала ајкула.

Мажот (28) го гризнала ајкула за левото стапало, откако паднал од даската. За среќа неговата повреда не е опасна по живот, пренесува „Mirror“.


Според зборовите на експертите за однесување на ајкули, областа има особено висока популација на риби поради струите, што за возврат носат повеќе ајкули.

Се смета дека нападите од ајкули се 10 пати поверојатна појава во Њу Смирна отколку на било кое друго место во светот.

А, бројот на напади е навистина морничав. Минатата година имало 17 напади, речиси дупло повеќе од просекот.

Во март годинава една ајкула нападнала маж додека ловел риби во водите во близина на крајбрежјето.


Дојл Нилсон (16) бил гризнат од ајкула додека сурфал на плажа во септември минатата година.

Ужасниот напад на ајкула на Нилсон го „уловила“ камерата на фоторепортерот Сем Скрибнер којшто бил на плажата.

Нилсон изјавил дека мислел дека го удрил друг сурфер и не сфатил што се случило, сè додека луѓето не почнале да викаат да излезе од водата.

Според „International Shark Attack File“, нападите во овој дел од Флорида, се случуваат почесто од каде и да е на друго место во светот, но главно не се најфатални.

Да ве потсетиме, минатиот викенд светот го обиколија вестите за напади на ајкули во египетското летувалиште Хургада во кое настрадале две жени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг