Легендарниот Хицфелд нуди идеално решение за трансферот кој го бара Левандовски

Дерби

07/07/2022

12:20

2.343

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски смета дека неговата етапа во Баерн Минхен е завршена и инсистира на трансфер во Барселона, но од друга страна, германскиот великан одолева на притисоците и не верува дека ќе го добие она што го сака од клуб кој се наоѓа во финансиски потешкотии.

Германците тераат по свое и порачуваат дека Полјакот сепак ќе мора да ја доработи последната година од договорот со клубот, а фактот што се создаде една непосакувана трансфер драма околу фантастичниот голгетер, предизвика да слушнеме изјави и од легендарни имиња кои во последно време беа оддалечени од јавнсота.

Легендарниот Отмар Хицфелд на импресивен начин го водеше Баерн Минхен и добро знае како функционира клубот, до кој сега има една искрена препорака кога е во прашање Левандовски.

– Ако Левандовски сака да си оди, нека си оди. Нема логика двете страни да останат заедно после тоа. За мене, идеално решение е тој да си замине.

– Моето мислење отсекогаш било исто. Кога еден играч сака да си оди, тој треба да си замине. Опкружувањето на Баерн е повредено од акциите на Левандовски, но нема да биде добро ако остане, – вели Хицфелд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг