Донарума на голот, Навас на клупата за резерви

Макфакс

07/07/2022

12:11

1.816

Големина на фонт

а а а

Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, експресно реши една дилема, со која неговиот претходник се бореше во текот на целата сезона.

Минатата сезона никој не знаеше кој е прв голман на ПСЖ, Покетино речиси подеднакво ги користеше Џанлуиџи Донарума и Кејлор Навас, иако Италијанецот беше донесен да биде прв голман.

Покетино не сакаше само така да го исклучи Навас од приказната и тој бранеше на повеќе натпревари од Донарума.

Галтије ја реши дилемата, на голманите им соопштил дека прв голман ќе биде Донарума.

За очекување е дека по ваквата одлука на тренерот Костариканецот да побара трансфер, бидејќи тој не сака да му биде резерва на Донарума.



Спонзорирани линкови

Маркетинг