Американски блогер за Дубровник: „Убав и скап како Њујорк, но во Босна истото ова го јадев за помалку пари“

Точка

07/07/2022

12:00

30.712

Големина на фонт

а а а

Дигиталниот номад Џони ФД од 2008 година патува низ светот, а своите искуства од патувањата ги споделува со следбениците на социјалните мрежи и на Јутјуб каналот, на којшто го следат речиси 250.000 луѓе.

Овој Американец од Сан Франциско во јуни посетил неколку земји на Балканот, како Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.

Во својата серија на Јутјуб во која претставува места кои ги посетил во Хрватска, тој дал комплименти за Задар, Шибеник, Сплит, а како фан на серијата „Игра на тронови“, не можел да му одолее ниту на Дубровник.

За популарниот туристички град на Јадранот има вакво мислење:

„Дубровник е прекрасен град. Едно од оние места кои мора да ги посетите е, а особено поради тоа што таму се снимаше Игра на тронови“, вели Џони ФД во своето видео со наслов „Dubrovnik, Croatia – Over priced & over crowded“.

Тој истакнува дека Дубровник има своја интересна историја, но дека од неа може да се научи од туристичките тури кои траат околу 2,5 часа.

„Остатокот го сочинуваат прескапи ресторани, продавници за сувенири, метеж од туристи и крузери и млади брачни парови. Тоа е навистина сè што има тука“, вели овој јутјубер.

Цени како во Њујорк

За да ги докаже своите тврдења, тој отишол на појадок во пекарата „Holy Burek“ и избрал да јаде бурек со телешко месо којшто се продава по цена од околу 6 евра.

„Ова мало парче леб чини 6,42 долари“, истакнала јутјуберот во видеото.

„Има добар вкус, но минатата седмица јадев нешто слично во Босна и Херцеговина за шест пати помала цена“, вели тој.

За ручек седнал да јаде во некој ресторан во Дубровник, а за оброкот платил 40 долари.

„Оброкот беше навистина вкусен, но доколку нарачате со тоа чаша вино и десерт, многу лесно може да потрошите 50, 60, 70 или 80 долари од човек, што е многу скапо. Особено поради тоа што се наоѓам во Хрватска, на Балканот, во поранешна Југославија.

„Дубровник е поскап од Сплит, а по цените се споредува со Њујорк, Хаваи и Норвешка“, вели Џони ФД во своето видео.

Добрата страна на Дубровник

Една од добрите работи кои ги пофалил во Дубровник е фактот што сите угостителски објекти нудат плаќање со картичка, но веднаш потоа рекол:

„Мора да примаат кредитни картични поради тоа што работите се толку скапи што никој не носи толкава готовина со себе за да плати тоа што треба“.

Но, потоа влегол во слаткарницата „Gianni“ и сите забелешки „паднале во вода“.

„Заборавете го сето ова што го кажав за Дубровник, тука се исплати да дојдете само поради сладоледот. „Gianni“ има најдобар сладолед којшто некогаш сум го пробал во светот, вклучувајќи ја и Италија“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг