Црвена Звезда имаше успешна сезона во Србија и АБА лигата, но без разлика на тие успеси најавени се доста промени во тимот за наредната кампања.
Клубот веќе е во потрага по нов тренер откако Дејан Радоњиќ одлучи да го преземе Панатинаикос, веќе си заминаа неколку играчи, а дел од останатите некако висат што е јасен сигнал дека „црвено-белите“ ќе имаат сосема поинаков изгледа во натпреварувачката 2022/2023.
Медиумите кај нашиот северен сосед веќе го најавуваат првото позначајно засилува-тоа е Немања Недовиќ.
Недовиќ е дете на Звезда, играч кој пред неколку години имаше можност да игра и во НБА лигата каде го носеше дресот на Голден Стејт Вориорс како и на филијалата Санта Круз Вориорс.
Потоа се врати во Европа каде преку Валенсија, Уникаха, Олимпија Милано и Панатинаикос се очекува да се врати дома или поточно во клубот од Белград.