Ќе го добие посакуваното засилување: Лацио му ја исполни желбата на Сари

Дерби

07/07/2022

11:24

2.071

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Лацио е на добар пат да ја засили дефанзивната линија и тоа со играч кој е по мерка или поточно желба на тренерот Маурицио Сари.

Според информациите на медиумите на Апенините нов играч на лацијалите ќе биде 24-годишниот Николо Казале од редовите на Верона. Тој може да игра како десен бек, но и како централен дефанзивец, добро знае да се снајде со топка што дефинитивно е идеално за тоа што го бара Сари.

Клубот од Рим ќе плати 7 милиони евра плус бонуси, поточно во брзо време се очекува официјализирање на зделката и од самите клубови.

Николо во досегашната кариера има настапувано уште за Перуџа, Прато, Судтирол, Венеција и Емполи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг