Каков Миконос, вака летуваат вистинските милијардери: Овде со задоволство доаѓаат Бил Гејтс и Марк Закерберг – ова е причината

Точка

06/07/2022

23:28

32.457

Големина на фонт

а а а

Минатата година, Форбс броеше најмалку 25 милијардери меѓу гостите во летниот камп – од Марк Закерберг и Бил Гејтс до Ворен Бафет и Мајкл Дел – кои заедно поседуваат околу 825 милијарди долари.

Инвестициската банка „Allen & Company“ организира традиционална финансиска конференција која трае околу една недела секој јули, на која се поканети најбогатите и највлијателните луѓе во светот, поради што и го добила прекарот летен камп на милијардери.

Летниот камп за милијардери се одржува од 1983 година во Sun Valley Resort, кој се наоѓа на надморска височина од 1.805 метри во округот Блејн, Ајдахо, САД. Тоа е позната скијачка дестинација опкружена со планините Bald и Dollar.

Во летните месеци ова место е идеално за планинарење, голф, кајак, возење велосипед и други слични активности. Овие активности се и на списокот на учесници во летниот камп, кои посетуваат предавања за финансиски прашања, но и склучуваат деловни договори.


Поради пандемијата на коронавирусот, кампот бил откажан за првпат во историјата во 2020 година, а во 2021 година се одржал под посебни околности. Сите присутни требало да се вакцинираат и да имаат негативен тест за Ковид-19, а повеќето настани се одвивале - на отворено.

Познати се само неколку детали за конференцијата бидејќи новинарите имаат многу ограничен пристап до настанот и неговите гости за време на летниот камп. Повеќето гости доаѓаат во Долината на Сонцето со приватен авион, престојуваат во луксузното одморалиште и имаат познати готвачи кои летаат во градот само за да ги подготват оброците по нивен вкус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг