Христијан Мицкоски на воредната прес-конференција изјави дека требало да биде убиен тој или некој недолжен граѓанин. Додаде дека ова нема врска со меѓуетничка нетрпеливост.
„Подолго време добивам информација за моја елиминација која ја нарачува власта. Вечерва видовме најмалку две лица со огнено оружје кои беа подготвени тоа да го направат. Полицијата ја немаше никаде“, рече Мицкоски.
Вели дека ваквото сценарио го најави власта, односно министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Мицкоски најави дека протестите продолжуваат и утре, и дека ќе бидат уште помасовни.
Вонредна прес конференција 06 07 2022Вонредна прес конференција на Христијан Мицкоски 06 07 2022
Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 6 July 2022