Ретка фотографија од холивудската миленичка и нејзиниот сопруг: Го запознала додека бил во брак со друга, а се зборуваше дека се развел токму поради неа

Точка

06/07/2022

19:36

11.172

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Џулија Робертс и нејзиниот сопруг, камерманот Даниел Модер, прославија 20 години брак, а актерката по тој повод објави ретка заедничка фотографија од двајцата на Инстаграм.

„Не можеме да престанеме да се смееме. Не можеме да престанеме да се бакнуваме“, напишала Џулија покрај фотографијата од страсниот бакнеж со сопругот, а во коментари се нижеле честитки.

За потсетување, парот се запозна во 2000 година на снимањето на филмот „The Mexican“ додека Џулија беше во врска со актерот Бенџамин Брат, а Даниел во брак со висажистката Вера Стејмберг.

Една година подоцна Модер ги предаде документите за развод и се венчаше со Џулија во 2002 година на нивниот ранч во Њу Мексико. Актерката подоцна тврдеше дека не е виновна за неговиот развод, но тие гласини ја следеа уште долго време.


Парот има 3 деца – ќерките Хејзел и Финеус и синот Хенри кои ретко се појавуваат во јавноста.

Џулија и Даниел денес важат за еден од најстабилните холивудски парови, но ниту нив не ги заобиколија гласините за проблеми во бракот. Минатата година се појавија шпекулации дека парот е пред развод, што подоцна беше демантирано, но за истите морале да зборуваат и со своите деца иако веќе ги подготвиле на такви приказни со оглед на тоа што и двајцата се славни личности.


Робертс зад себе има еден пропаднат брак со кантавторот Лајл Ловет, а беше во врска со неколку познати колеги како Џејсон Патрик, Лиам Нисон, Кифер Сатерленд, Дилан Мекдермот и Метју Пери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг