Вучиќ: Сè потешко ми е да разговарам со многу од европските политичари

Макфакс

06/07/2022

18:20

6.584

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека е задоволен што Европскиот парламент не го прифати предлогот да се прекинат преговорите за пристап на Србија во ЕУ поради ставот за војната во Украина. Српскиот претседател, како што пренесува Нова.рс, вели дека официјален Белград и понатаму ќе продолжи да се однесува во склад со интересите на земјата.

„Имаше обиди да се прекинат преговорите со Србија. Мило ни е што тоа не е изгласано затоа што ќе беше погрешно и благодарност до поголемиот дел од ЕП што тоа не го прифати. Секој нека си ја работи својата работа. Нема да молиме никого. Важно е Србија да биде на европскиот пат, но секако важно е и да има слобода и право да размислува за своите интереси“, вели Вучиќ.

Тој рече дека сè потешко му е да разговара со многу од европските политичари затоа што многу од нив сметаат дека се во војна и дека нема место за разговор.

Вучиќ ги негираше наводите дека е договорена негова средба со премиерот на Косово – Албин Курти во Брисел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг