Јувентус ги закажа лекарските прегледи за двете големи засилувања

Дерби

06/07/2022

16:28

4.028

Големина на фонт

а а а

Навивачите на Јувентус долго следеа шпекулации за двете најавени супер засилувања за новата сезона, но очигледно дојде и периодот во кој тие ќе бидат промовирани во црно-белиот дрес.

Се работи за Анхел Ди Марија и Пол Погба, големи и докажани фудбалски имиња кои доаѓаат како слободни агенти, односно без отштета, но според најавите ќе добиваат годишна плата меѓу 7 и 8 милиони евра со евентуални дополнителни бонуси.

Италијанските медиуми најавија дека петок и сабота ќе бидат возбудливи денови за фановите, бидејќи тие два дена веќе се закажани лекарските прегледи на двете ѕвезди.

Прв, во петок, ќе пристигне Ди Марија и директно ќе се упати во медицинскиот центар на клубот, за во сабота во Торино да се врати и Пол Погба.

Двајцата фудбалери потоа ќе им се приклучат на подготовките на Јувентус, а клубот ќе има можност и за промоција пред новинарите и јавноста.

Последен клуб на Ди Марија беше ПСЖ, додека Погба доаѓа од Манчестер Јунајтед, каде претходно замина токму од Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг