Историски успех: Ивановски го уништи осмиот носител во третиот сет и се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон!

Дерби

06/07/2022

16:27

2.058

Големина на фонт

а а а

Калин Ивановски одигра за класа поквалитетно од добро познат противник во осминафиналето на Вимблдон и успеа да го подобри својот најдобар успех во кариерата, пласирајќи се во четвртфиналето на најпрестижниот тениски турнир.

Осумнаесетгодишниот Македонец го чекираше својот билет меѓу најдобрите осум на јуниорскиот Вимблдон, откако во осминафиналето беше подобар од осмиот носител на турнирот, Литванецот Едас Бутвилас.

Ивановски минатата година го победи истиот противник во маратонски меч кој заврши со 7:6 и 7:6, а денеска за својот најголем успех се избори откако го подари вториот сет, а потоа го уништи ривалот во одлучувачкиот трети сет.

Калин беше подобар во секој тениски сегмент уште од самиот старт и ја искористи дури шестата брејк топка за предност во првиот сет, кој потоа го доби со 6:4.

Ивановски прв направи брејк во вториот сет и имаше шанса за втор брејк за водство од 5:2, но потоа следеше голем пад и нервоза, која резултираше со серија гејмови за Литванецот. Бутвилас израмни на 1:1 со 7:5, сплет на околности кој го разулти Ивановски, кој сепак лошиот набој на емоции ги претвори во позитиво издание на теренот.

Македонецот започна фуриозно во третиот сет и веднаш направи брејк, а потоа го разби противникот и со преубедливи 6:0 се пласираше во четвртфиналето, каде противник ќе му биде победникот од дуелот Артнак и Роденас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг