Овој рецепт ќе ве воодушеви, а вкусот долго ќе го паметите.
- 300 грама крем-шлаг;
- Екстракт од ванила;
- Шеќер во прав;
- 250 грама маскарпоне сирење;
- 1 шолја црно кафе;
- Пишкоти.
- Во чинија ставете го шеќерот во прав, додадете го крем-шлагот и добро измешајте.
- Во друга чинија ставете го маскарпоне сирењето и екстрактот од ванила и добро помешајте.
- Во шлагот додадете ја мешавината од маскарпоне сирење и ванила и добро измешајте.
- Потоа потребно е да ги распоредите пишкотите и да ги потопите во кафето, па да ги ставите во чашата.
- Смесата ставете ја во чашите и можете одгоре да нарендате темно чоколадо.
Погледнете ја постапката во видеото: