Време е за нов клима уред? Еве на што треба да обрнете внимание и како да го избегнете директниот проток на воздух во просторијата

Точка

10/08/2022

12:14

21.353

Големина на фонт

а а а

Летото е веќе во полн ек, а со него и високите температури кои се типични за ова годишно време, но се чини како од година во година да стануваат сè понеиздржливи.

Со оглед на растечките температури во светот кои се последица на глобалното затоплување, клима уредите не се луксуз – тие одамна станаа потреба.

Но, факт е дека клима уредот треба внимателно да се избира, водејќи грижа за потрошувачката на енергија, функциите кои тој ги нуди, гаранцијата која произведувачот ја дава итн... а оттука е јасно дека клима уредите денес треба да задоволат бројни високи стандарди. Еве дел од нив:

Енергетска ефикасност

На пазарот денес се застапени бројни модели од различни произведувачи, а еден од оние кои ги задоволуваат највисоките стандарди се клима уредите на серијата H+ која е опремена со најнова технологија за енергетска ефикасност. Тие стандарди вклучуваат енергетска класа А+++ (ладење), А++ (греење кое е можно на надворешна температура до -25 Целзиусови степени), а во комбинација со соларни панели, претставуваат исклучително исплатлива алтернатива за ладење и греење.


Модерен дизајн

Денес клима уредите не се само функционални, туку претставуваат и дизајнерски елемент. Клима уредите на серијата H+ се истакнуваат благодарение на иновативниот текстилен дизајн на внатрешната единица, а потврда за тоа е наградата „RedDot“ за дизајн. Овие уреди се комбинација од најсовремена технологија на инвертер и модерен дизајн, а за полесно вклопување во ентериерот, уредот е достапен во 2 бои: златна и сребрена.

Удобност при работењето

Кога станува збор за нивното користење, клима уредот треба да е ефикасен, но удобен за сите кои престојуваат во просторот. Едно од најважните „правила“ при неговото поставување е да не го чувствувате директниот проток на воздух кон вас бидејќи тоа за многумина е најголемиот проблем при користењето.

Вистината е дека не постои совршена позиција, но клима уредите на „VIVAX“ преку иновативното движење на крилата од 180 степени овозможуваат воздухот да тече во хоризонтална и вертикална насока.


За разлика од останатите клима уреди, тука е имплементираното паметно струење на воздухот при што во текот на греењето, топлиот воздух се спушта кон подот, а при ладењето струењето на воздухот е насочено нагоре, со што се избегнува директен проток на воздухот кон оние кои престојуваат во просторијата.


Она што е дополнителен плус е што со ваквиот начин на струење на воздухот се обезбедува поекономично и побрзо ладење/греење на воздухот (природно, топлиот воздух се крева нагоре, а студениот се задржува при подот - „H+ Design“ клима уредот делува обратно).

Wi-Fi конекција

Постојаната поврзаност со технологијата е сè поприсутна и го прави животот полесен, така што опцијата за управување на клима уредот преку Wi-Fi конекција е повеќе од добредојдена. Во зависност од вашите желби и потреби, „VIVAX H+ Design“ може да се активира пред доаѓањето во просторијата за да се постигне оптимална температура за престој.


Заштита на здравјето

Во денешно време сè повеќе лица се склони на алергии, така што пожелно е клима уредот да поседува систем за филтрирање на воздухот. Серијата H+ поседува Био ХЕПА систем за филтрирање кој ги отстранува честичките до 0,3 PM, како и другите штетни материи, овозможувајќи свеж и чист воздух. Пред-филтерот со екстремно голема густина ефикасно ги запира големите честички како влакната од домашните миленици и прашината.


Гаранција за квалитет

Доказ за квалитетот на еден уред е неговата гаранција, а „VIVAX“ клима уредите овозможуваат гаранција од 60 месеци со задолжителна монтажа и годишен сервис од овластен сервис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг