Британски новинар објави видео на Твитер, па предизвика лавина коментари: Што консумира Ѓоковиќ, лек, ракија или нешто трето?

Точка

06/07/2022

14:29

5.810

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ вчера по големиот пресврт го победи Јаник Синер и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, а еден детаљ од натпреварот предизвика лавина коментари на интернет.

Колумнист од британски „The Spectator“, Дамиан Рејли на Твитер објави видео како во една од паузите Ѓоковиќ го зема белото шише и откако неколку пати го праша својот тренер дали да го користи веднаш или подоцна, одлучува да ја консумира течноста која се наоѓа во него.

Рејли напишал дека би сакал да знае што се наоѓа во таинственото шише и дека е сигурен дека не е течност во прашање, а не требало да помине долго време за да добие бројни коментари.

Едни тврделе дека тоа е лек за астма, други дека консумира гел за подигнување на енергијата, а имало и тави кои се пошегувале и тврделе дека се напил ракија.

Сепак, особено внимание привлекол коментарот во кој се „тврди“ дека во шишето имало воздух од „пирамидата“ во Високо.

Да ве потсетиме, Ѓоковиќ губеше со 5:7, 2:6, а потоа наредните три сета ги заврши во своја корист со резултата 6:3, 6:2, 6:2 и си закажа полуфинале на Вимблдон со Камерон Нори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг