(Фото) Вистинска семејна, летна идила: Сара Мејс во деветтиот месец од бременоста објави фотосесија со која ги распамети обожавателите

Точка

06/07/2022

23:53

12.457

Големина на фонт

а а а

Пејачката и харфистка Сара Костадиновска (Сара Мејс) по примерот на многу светски познати имиња, направи фотосесија во деветтиот месец од бременоста, со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка Илина.

Сара е во деветтиот месец од бременоста и со Димитар го очекуваат своето второ дете, момче, а ние дефинитивно може да ја прогласиме за една од најубавите трудници на нашите простори.

Пејачката вчеравечер најпрвин објави фотографии во црн тесен фустан, со изрез од едната страна и интересен детаљ кој го истакнува нејзиното трудничко стомаче.

Оваа комбинација ја надополнила со едноставни црни сандали на потпетици и впечатливи обетки. Костадиновска за оваа фотосесија ставила и екстензија, каква што носеше и на својата венчавка.

Кратко по објавувањето на овие фотографии, следуваше галерија од вистинска семејна идила.

Имено, бремената Сара, Димитар и малата Илина изгледаат многу среќно еден покрај друг, додека насмеани позираат пред објективот.

На овие фотографии Сара носи елегантен портокалов, долг фустан со голи рамена, кој слободно паѓа по нејзината силуета. Пејачката со фустанот искомбинирала пердуф-обетка – аксесоар кој низ годините стана нејзин заштитен знак.

Водителот за оваа прилика избрал сини панталони со лесна бела кошула, раскопчана кај градите и изгледа како прав холивудски заводник.

Малата Илина, која со нетрпение го очекува новиот член на семејството и која на фотографиите го бакнува стомачето на мајка си, носи жолто фустанче со шешир кој одлично се вклопува во нејзинта комбинација.

Тројцата позираат боси, поради што оваа фотосесија, покрај семејната хармонија, зрачи со летен дух.

И откако нè оставија без зборови со неодоливите семејни фотографии непосредно пред породувањето на Сара, со нетрпение ги очекуваме вестите за приновата во нивното семејство.

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг