На овој грчки остров штотуку се „преселил“ половина Холивуд: 10 факти за скапото место на развратот и блудот

Точка

06/07/2022

11:45

38.171

Големина на фонт

а а а

Островот Миконос е најзабележлива дестинација за летување. Таму моментално летува половина Холивуд.

И, како границите да не постојат додека одморот трае, славните актери и пејачи се на мета на папарацо фотографите, а тие се забавуваат, се капат голи и максимално ги користат сите ресурси на Миконос.

Поради тоа, денеска ве запознаваме со најатрактивниот грчки остров:

1. На островот има околу 15.000 постојани жители, но во текот на летните месеци истиот може да се зголеми до 50.000 илјади. А, на целиот остров работат само 30 такси возила, што може да претставува проблем доколку немате свое возило.

2. На Миконос се снимени голем број на филмови, а еден од нив е и „Борновиот идентитет“.


3. Приказната за пеликаните датира од 1954 година кога рибар по невреме го пронашол пеликанот Петрос, најпознатиот пеликан на светот. Тој на крајот станал следбеник на мештаните. Оттогаш пеликаните се заштитен знак на Миконос.

4. Миконос има правило во кое бара вратите и прозорците да бидат обоени во сина боја, зелена или пак црвена. Ова датира од традицијата каде морнарите ги обојувале своите врати во сини, фармерите во зелена боја, а сите останати во црвена боја. Од друга страна куќите се со бела фасада која им помага да бидат ладни во текот на жешките летни месеци.


5. Миконос некогаш била популарна дестинација на пиратите кои таму доаѓале поради пијалаци, музика и забава. Интересно е тоа што Миконос бил предмет на редовни, гусарски рации поради својата локација во Егејското море.

6. Грците знаат да организираат свадби, а Миконос е експерт за тоа.

7. На Миконос има и многу магариња, а тоа датира одамна. Поголем дел од семејствата кои живееле во руралните подрачја поседувале магариња кои често ги користеле како транспортно средство.


8. Во текот на историјата, Миконос бил сиромашен остров со ограничени земјоделски ресурси. Сè до после Втората светска војна, т.е. 50-те години на минатиот век кога уметниците, боемите и членовите на кралските семејства и познати личности не го откриле овој грчки остров, доведувајќи туристи со себе.

9. Според историските извори, градот Миконос во 11-ти век го основале Јонците од Атина, едно од главните четири племиња во стара Грција. Тогаш островот Делос имал прилично голема популација, а Миконос бил користен како транзитно место каде се патувало и излегувало од Делос.


10. Миконос е добропознат како средиште на културата и уметноста. Во изминатите две децении отворени се и неколку галерии кои претседаваат со некои од најдобрите современи уметници – домашни и меѓународни.





Спонзорирани линкови

Маркетинг