(Фото/Видео) NASA ќе изработи роботи кои ќе бараат подводни вонземјани на други планети

Точка

05/07/2022

18:45

31.809

Големина на фонт

а а а

Кон крајот ан 2020 година пишувавме за проектот на вселенската агенција NASA која сака да ја истражи месечината на Сатурн, Титан и нејзините огромни океани на етан/метан.

За таквиот потфат мора да се развие специјална подморница, способна да нурне во Кракен Маре на површина од 400.000 километри квадратни, како и Лигеиа Маре со површина од 130.000 километри квадратни и длабочина од 170 метри.

Повеќе податоци

Американските истражувачи сега претставија сличен концепт којшто се фокусира на пронаоѓање на живот во океаните скриен под вечниот мраз.

Еднакво амбициозен потфат наречен „SWIM“ (Sensing With Independent Micro-Swimmers), подразбира изработка на сонда за топење на мразот и подводен робот со големина на мобилен телефон.


„Со многу роботи можеме да истражиме многу поголеми количини вода и да го подобриме мерењето затоа што имаме повеќе машини кои собираат податоци во истата област“, објаснил инженерот на NASA, Итан Шалер.

Роботите би биле сместени во внатрешноста на сондата, а би стигнале до целта низ дупка во мразот, најверојатно направена со зрачење.

Мистерија на вселената

Научниците ќе изработат серија прототипи во наредните години, поради тоа што проектот добил зелено светло и потребната финансиска поддршка.

Минијатурните роботи (со облик на триаголник), ќе бидат долги 12 сантиметри, додека пак една сонда ќе носи по 50 од нив, пренесува „The Sun“.

Проектот е во рана фаза, но им дава голема надеж на научниците дека ќе ја откријат една од најголемите мистерии на вселената.

Споменатите сонди се развиваат низ други програми на NASA, а наредниот прилог открива како изгледа нивното тестирање:



Спонзорирани линкови

Маркетинг