Касиери, продавачи, редачи на роба и магационери – се работните позиции кои газдите на трговските синџири постојано ги огласуваат. Според работодавачите тешко се наоѓа добар работник, а уште потешко се задржува. Но зошто е тоа така?
Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк ги стави „под лупа“ платите во најголемите трговски синџири кои се дел и од 100-те најголеми фирми по приход во Македонија. Податоците покажуваат дека компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“, најмногу ги плаќа своите вработени, а компанијата која прави најголема добивка, а тоа е „Верополус“ – дава најмали плати, судејќи според просекот исплатен во 2021 година.
Износите се во денари | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк.
Во „Кам“ минатата година просечната плата била 26.167 денари е тоа е скок од 6 проценти во однос на просекот од 2020 година. „Кам“ деновиве се пофали и дека веќе почнува исплата на регрес за вработени од 33.000 денари, како и дека во април реализирал зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%. „ Со ова, само во првиот семестар од годината нето платите на вработените во маркетите просечно се зголемја за 4.000 денари“.
Кам минатата година ја завршил со добивка од 5 милиони евра.
Износите се во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк.
Шест проценти раст во однос на 2021 година, имале и вработените во „Стокомак“ и минатата година нивната просечна плата била 22.825 денари. Лани, 563 работници учествувале во креирање на добивката од 3,6 милиони евра.
Износите се во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк.
Зад „Стокомак“ по просечна плата е „Тинекс“. Овој познат трговски синџир имал поголем промет од „Стокомак“, но помала добивка и помала просечна плата. Просечната плата на вработените се зголемила за 4 проценти и лани била 22.471 денар.
Износите се во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк.
Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.