Теоријата на локалците: Еве од каде ајкули толку блиску до египетското летувалиште

Точка

05/07/2022

14:53

17.935

Големина на фонт

а а а

По два смртоносни напади на ајкули во египетските води, се појавиле шпекулации како и зошто овие морски животни пришле толку блиску до туристичките места.

Како што пренесува "Bild", локалците во Хургада имаат своја теорија. За се, сметаат тие, "виновен" е брод кој пренесувал овци.

Имено, на 12-ти јуни товарниот брод "Бадр" потонал во суданското пристаниште, на некои 1.000 километри јужно од Хургада. На бродот имало 15.800 овци и само 700 од нив биле извлечени од водата.

Лешовите на животните кои пловеле по морето ги привлекле ајкулите кои потоа можеле да се "спуштат" до водите на Хургада.

Иако морските струи во Црвеното море одат од север кон југ, Хасан Ел Тајеб, борец за заштита на животната средина, смета дека постои поврзаност.

„Секоја година бројни бродови минуваат низ Суецкиот канал и пренесуваат овци за аџилак“, рекол тој. „Пред да дојдат до својата дестинација, овците на бродовите се прегледуваат. Болните и мртвите често се фрлаат во морето за да се избегнат проблеми со ветеринарните власти по пристигнувањето“.

А тоа значи, вели тој, дека бројни ајкули ги следат бродовите и ја чекаат својата можност.

Дали мртвите овци навистина се причина за двата напади во египетските води останува да се види. Смртта на двете жени предизвикала нервоза меѓу туристите и тур операторите, од кои многумина ги советувале своите клиенти да не влегуваат често во вода.




Спонзорирани линкови

Маркетинг