Фантастичниот Ивановски го разби 11-от носител на Вимблдон

Дерби

05/07/2022

13:55

3.209

Големина на фонт

а а а

Големата македонска тениска надеж, Калин Ивановски со фуриозна партија ја запиша втората победа на јуниорскиот турнир на Вимблдон.

Во минатата рунда мораше да прави голем пресврт за да слави над Лука Поу, но денеска Македонецот беше брилијантен против 11. носител Родриго Пачеко Мендез на кого му пресуди во два сета.

Калин во првиот му препушти само еден гејм на противникот, додека во вториот двапати му го одзема сервисто за 6-2 и пласман во осминафиналето на турнирот во Лондон.

Таму ќе се соочи со подобриот од Едас Бутвилас (осми носител) и Озан Чолак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг