Реал без отштета го „подари“ Лука Јовиќ на Фиорентина

Макфакс

05/07/2022

11:25

1.077

Големина на фонт

а а а

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ го напушта Реал Мадрид и се сели во Серија A каде ќе го носи дресот на Фиорентина. Интересни е дека „кралевите“ нема да бараат отштета само за да се ослободат од неговата плата и комплетно да го продадат.

Првата сезона, Реал Мадрид ќе има обврска да плаќа половина од неговата годишна плата, но потоа тој комплетно ќе биде член на Фиорентина.

Лука Јовиќ е едно од најголемите трансферни промашувања во историјата на Реал Мадрид. Дојде пред три години од Ајнтрахт Франкфурт за 65 милиони евра. За споредба, Реал Мадрид плати 18 милиони евра повеќе обештетување за Јовиќ отколку за Винисиус Жуниор, кој дојде во клубот една сезона порано. Сепак, Србинот за две и пол години во Реал имаше мизерен ефект од три постигнати гола и пет асистенции на 51 натпревар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг