Рускиот претседател Владимир Путин одамна одлучил да ја нападне Украина, а се подготвувал најмалку една година, можеби и подолго, оценил германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Според тоа, ќе може уште долго да ја води војната“, рекол Шолц за американски "CBS".
Кацнеларот во разговорот, снимен во четвртокот по самитот на НАТО во Мадрид, а објавен во неделата, признал дека врзувањето со руските енергенти било погрешно.
„Требаше во ЕУ да развиеме енергетска инфраструктура која овозможува брза промена на изворот“, додал тој.
Според неговите зборови, тоа е лекцијата која Европа ја научила.
На прашањето колку Германија плаќа за руски енергенти, ,одговорил само дека сумата се намалува.
Покрај тоа, Путин поради санкциите не може ни да ги троши тие пари, на пример со купување на европска технологија.
Според проценките на финскиот институт "CREA" од средината на јуни, Русија само во текот на првите 100 дена од украинскаа војска од извоз на фосилни горива наплатила 93 милијарди евра.