Седум лица настрадале, а 13 се водат како исчезнати во вчерашното уривање на алпскиот глечер од врвот Мармолада во источните Доломити во Италија.
Се проценува дека се урнале околу 300.000 кубни метри материјал кој се урнал достигнувајќи брзина до 300 километри на час, а блокот кој се урнал бил со големина од околу 200 метри, ширина од 60 и дебелина од дури 30 метри, како две фудбалски игралишта.
Од висина од околу 3.200 метри се урнал на висина од 2.500 метри, каде направил масакр меѓу туристите алпинисти.
Од седум извлечени тела идентификувани се само тројца со големи потешкотии поради состојбата во која се наоѓаат, идентификацијата се уште трае за четворица,а вкупно 13 се водат како исчезнати по пријава на роднини.
Потсетуваме, високите температури во Италија придонеле за уривањето на глечерот.
Експертите предупредуваат дека слични трагедии ќе се случуваат и во иднина.