Апасиев: Народот веќе не може да го трпи ова предавство

Точка

04/07/2022

22:39

2.662

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, пред Собранието на Република Македонија ги повика Македонците утре во што поголем број да се појават на протестите.

„Врие Македонец, ова е премногу што ни се случува и народот не може да трпи вакво предавство“, порача лидерот на Левица Димитар Апасиев за "Канал 5" пред Собранието на Република Македонија.

„Еве да ви го кажам сценариото, утре ќе го поминат на Влада и ни треба масовност, значи ги повикувам сте граѓани утре да дојдат пред Влада, планираме да го посетиме и претседателот Пендаровски и планот Б кој го има Левица ќе го соопштиме веднаш после усвојувањето“, изјави Апасиев.

Тој го повика „секој свесен македонски граѓанин да биде пред Собрание додека трае расправата по овој предавнички предлог“.

„Дури и да го донесат предлогот тоа не значи ништо, немаат двотретинско мнозинство да го променат Уставот, а и да имаат ние им подготвуваме план Б со една правна операција која ќе ја соопштиме во вторник – среда“, изјави лидерот на Левица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг