Демонстрантите од пред Владата се префрлија пред Собранието.
Голем дел од демонстрантите кои се собраа на протест против Францускиот предлог пред Владата, каде ја пробија оградата и ја каменуваа зградата, заминаа кон Собранието.
И оградата пред Собранието беше урната, а демонстрантите пеат патриотски песни и бараат оставки од властите.
Револтот кај македонските граѓани изби откако македонските власти најавија дека францускиот предлог за нив e прифатлив. Потсетуваме, протестите траат веќе трети ден
Во живо: Демонстрантите ја пробија заштитната ограда и сега протестираат во кругот на владата протв францускиот предлог за повлекување на бугарското вето за почеток на преговори со ЕУ. Тие сметаат дека предлогот е штетен за македонските национални интереси.
Posted by Radio Slobodna Evropa na Makedonski on Monday, 4 July 2022