(Видео) Пукање на парада во САД, има мртви

Макфакс

04/07/2022

20:57

4.030

Големина на фонт

а а а

Празничката парада во САД на четврти јули се претвори во хаос, врескање и паника кога се случи пукање за време на настанот во Хајленд Парк во Илиноис.

На социјалните мрежи се појави видео од парадата кога одекнаа истрели, проследени со паника.

Неофицијално најмалку 9 лица загинале, а десетици се ранети, пренесува NBC Chicago.

Очевидци велат дека виделе најмалку пет крвави луѓе како лежат на земја.

Луѓето почнале да бегаат, а еден од сведоците изјави за Си-Ен-Ен дека слушнал 20-25 истрели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг