„Никогаш вакво нешто не се случило толку рано, ова е брутално“

Точка

04/07/2022

16:53

4.521

Големина на фонт

а а а

Ден откако во Франција и Шпанија биле забележани рекордни температури оваа година, во близина на Балеарските острови е забележана температура на морето од 29 степени.

Екстремниот копнен топлотен бран предизвикал и морски топлотен бран кој се уште трае, тврдат научниците.

„Никогаш немало толку интензивен морски топлотен бран толку рано во годината. Зборуваме за 26 или повеќе степени Целзиусови и повеќе на Балеарското море на 19-ти јуни. Тоа е брутално“, рекла за "Bloomberg" Мелани Јуза, научничка во Системот за крајбрежно набљудување и прогнозирање на Балеарските острови.

За разлика од копнените, морските топлотни бранови им се релативно непознати на научниците, па сепак, следењето на тој феномен во последната деценија довело до заклучокот дека станува збор за клучен сигнал за климатските промени. Имено, океаните и морињата апсорбирале голем дел од атмосферската топлина, делувајќи така како сунѓери за глобално затоплување.


„Гледаме раст во зачестеноста на силните топлотни бранови со секој дополнителен степен во глобалното затоплување во споредба со променливата зачестеност во другите видови на екстремните временски прилики. Морските топлотни бранови се менуваат побрзо од копнените“, вели Лук Харингтон, научен соработник на Институтот за истражување на климатски промени на Нов Зеланд.

Официјална дефиниција за морските топлотни бранови се уште нема, но научниците сметаат дека тие настануваат по пет или повеќе дена екстремно виски температури на морето. Утврдиле дека таквите топлотни циклуси го менуваат вертикалниот тек на водата, што влијае на способноста на океаните да апсорбираат топлина и јаглерод диоксид, но и на кружењето на хранливите работи.

„Влијанијата на морските екосистеми се разорувачки. Тие вклучуваат избелување на коралите, шета на морските прерии, штетно цветање на алгите, масовна смртност и миграција на морските видови“, рекла Јуза.


Поради загревањето на морето трпат риболов и туризмот. Последниот топлотен бран се случил во време на мрестење на црвената туна, која е позната и скапа деликатесна риба ширум светот. Научниците не знаат како високите температури ќе влијаат на икрите од туната, но знаат дека и штетат на посидонијата, медитеранска алга, која е мрестилиште за многу видови на риби.

„Извлекување на поука од настаните, како топлотниот бран во 2012-та година, е клучно за развојот на стратегија за прилагодување која ќе ги подобри постоечките капацитети за зачувување на морските екосистеми и рибарство во контекст на климатските промени“, тврдат научниците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг