Барселона го потврди засилувањето од НБА лигата

Дерби

04/07/2022

16:30

16.533

Големина на фонт

а а а

Барселона продолжува да ја формира екипата за новата натпреварувачка сезона во која шпанскиот великан ќе има на располагање уште едно познато кошаркарско име.

Имено клубот од Каталонија го потврди ангажманот на плејмејкерот Томаш Саторански кој во изминативе шест години играше во НБА лигата во Вашингтон Визардс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс.

Ова за Томаш ќе биде враќање во Барса со оглед на тоа што играше од 2014 до 2016 година, период во кој одигра 150 натпревари.

Претходно шпанскиот вицешампион го ангажираше Јан Весели, па ова значи дека Барса ќе има двајца чешки интернационалци во своите редови.

Договорот е со важност до 2026 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг