„Срам да ви е за тоа што го правевте додека мојот сопруг се бореше за живот“: Се огласија Кортни и Травис од болница

Точка

04/07/2022

16:43

12.339

Големина на фонт

а а а

Старлетата Кортни Кардашијан се огласи на Инстаграм од болница, каде моментално поминува време со својот сопруг Травис Баркер.

Тапанарот пред неколку дена завршил во болница како итен случај, а многумина се загрижиле поради неговата последна објава на Инстаграм, како и објавата на неговата ќерка Алабама.


Кардашијанката во кратки црти објаснила што точно се случило, па им земала за зло на сите кои ги продавале нејзините стари фотографии додека нејзиниот сопруг се борел за живот.

„Зад нас е една многу страшна недела. Недела полна со разни емоции. Здравјето е толку многу важно, но некогаш не го земаме здраво за готово. Работите може да се променат преку ноќ. Отидовме заедно на рутински преглед, а тој заврши со панкреатитис“, напишала Кортни.


„Благодарна сум му на Бога што ми го сочува сопругот и на сите вас кои се молевте за него, за големата поддршка што ми ја пружавте овие денови. Ме трогна тоа. На специјалистите, лекарите, сестрите овде, исто така големо благодарам. Се грижеа за него, но и за мене“, нагласила таа, па додала:


„Што се однесува до папарацо фотографите кои продаваа слики „од моите излегувања додека сопругот ми се бори за живот“... Се работи за стари фотографии. Не се сеќавам кога последен пат ги носев тие работи. И добро ве запаметив. Ова е ново дно што го допревте. Ја постојано сум со него во болница. Срам да ви е“, заклучила Кортни, па покажала дека времето им поминува во играње друштвени игри.


Од друга страна, Травис малку подетално ја објаснил својата состојба.

„Во понеделникот појдов на преглед и добро се чувствував. Меѓутоа, после вечерата почувствував неверојатни болки и во болница сум оттогаш. За време на ендоскопијата ми е отстранет мал полип од многу чувствителен дел. Тоа обично го прават исклучиво специјалисти. Панкреасот ми бил оштетен. Панкреатитисот кој се развил можел и да ме убие. Благодарен сум на сè што направија лекарите за мене. Се чувствувам многу подобро“, напишал Травис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг