Капините се бобинки кои го чуваат нашето здравје: 4 причини поради кои треба да ги консумирате

Точка

04/07/2022

13:56

22.755

Големина на фонт

а а а

Кога би постоела топ-листа на најздрави намирници, капините сигурно би биле во првите 10. Ова овошје изобилува со моќни антиоксиданти, особено елагитанин кој го нема во речиси ниту една друга намирница.

Капините се сметаат за суперхрана, пред сè поради многу лековитите антиоксиданти како што се антоцијаните, витаминот Ц, витаминот Е, елагинската киселина и слично.

Капините имаат бројни здравствени придобивки, а ние издвојуваме 4 од нив:

Го зајакнуваат имунитетот

Поради сите состојки кои ги содржат, капините се идеални за подобра работа, односно за зајакнување на имунолошкиот систем. Со редовното консумирање придонесувате многу за заштита на вашиот организам од разни инфекции и други болести, пишува „Healthline“.


Богати се со витамин Ц

Витаминот Ц помага во производството на колаген кој ја чува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави. Витаминот Ц е исто така антиоксидант кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали кои се произведуваат додека вашето тело ја разградува храната.

Го подобруваат варењето

Ако сакате да имате добра дигестија, консумирајте капини бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем бидејќи ја регулираат столицата и го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.


Го чуваат здравјето на коските

Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во организмот, додека калциумот е важен за нивно зајакнување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг