Роналдо побарал итна средба со Тен Хаг

Дерби

04/07/2022

13:28

3.313

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед веќе се подготвува за новата сезона под водство на Ерик тен Хаг, но менаџерот ќе треба да расчисти уште неколку проблеми во однос на ростерот со кој ќе располага.

Покрај најавените засилувања, Јунајтед треба да го реши и прашањето Кристијано Роналдо, посебно откако се појавија информации дека Португалецот најавил заминување.

Неделава Роналдо се враќа во Манчестер откако му завршува заслужениот одмор кој го минуваше на Мајорка, а „Сан“ тврди дека веќе побарал итен состанок со Тен Хаг.

Појавувањето на Роналдо во тренинг центарот може да се случи уште денес, по што веројатно ќе биде и многу појасно дали ќе остане на ставот дека инсистира на разделба или ќе остане во редовите на Јунајтед.

Главната цел на Кристијано е да игра во Лигата на шампионите, но ќе се прашува и клубот бидејќи фудбалерот има потпишан договор и обврска да го одработи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг