Петровиќ го трола Раѓа по колапсот на Хрватите: Мислам дека треба да остане

Дерби

04/07/2022

13:23

15.372

Големина на фонт

а а а

Хрватската кошаркарска репрезентација доживеа уште еден голем неуспех, останувајќи без можност да се пласира во следната фаза од квалификациите за Светското првенство.

Избраниците на Дамир Муламеровиќ вчера загубија добиен меч против Финска и со големиот број грешки ги шокираа хрватските кошаркарски фанови, останувајќи на последното место во групата.

Искусниот тренер Ацо Петровиќ го искористи новиот кикс за да го истрола легендарниот Дино Раѓа, кој е предводник на стручниот совет во хрватската федерација и за многумина главен виновник за лошите резултати на националниот тим.

– Гледам дека постои консензус околу заминувањето на Раѓа.

– Мислам дека треба да остан и како вистински претседател на Стручниот совет да ја води репрезентацијата на претквалификациските натпревари во Гибралтар, Сан Марино, Луксембург или каде и да не одведе ждрепката, – напишал Петровиќ на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг