„Златната топка“ активира специјална клаузула во договорот на Бензема со Реал Мадрид

Дерби

04/07/2022

12:02

2.636

Големина на фонт

а а а

Договорот на Карим Бензема со Реал Мадрид истекува следното лето, но актуелниот шпански и европски шампион може да биде спокоен во однос на иднината на Французинот.

Реал Мадрид има традиција според која во договорите на фудбалерите вметнува специјална клаузула, која вели дека освојувањето на признанието „Златна топка“ значи и автоматско продолжување на договорот за уште една сезона.

Бензема е главен фаворит годинава да ја освои престижната фудбалска награда, па според тоа Французинот ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ барем уште две сезони, односно до јуни 2024 година.

Тоа му остава простор на Реал мирно и сигурно да кова стратегија за неговиот наследник, а по неуспехот да го доведе Килијан Мбапе, сега во фокусот ќе биде Ерлинг Халанд.

Халанд летово потпиша за Манчестер Сити, но токму во 2024 година ќе му биде активирана клаузулата според која може да го напушти премиерлигашот за 150 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг