Манчестер Сити има активен преоден рок во кој дел од фудбалерите се на излезна врата, а еден од оние кои можат да ја променат средината е и Бернардо Силва.
Португалецот кој минатото лето остана иако Сити сакаше да го продаде, зад себе остави одлична сезона, а сега му соопштил на Пеп Гвардиола дека има една и јасна цел за својата иднина.
Се работи за трансфер во Барселона и желба да игра за шпанскиот великан, нешто за што е информиран и неговиот агент Жорге Мендеш кој има задача да преговара за вакво сценарио.
Проблем за Барса секако е трансфер сумата, бидејќи Силва потпиша нов договор за до 2025 година, а добрите настапи ја подигнаа неговата цена на фудбалскиот пазар.
Сити првично го проценува Силва на 100 милиони евра, но јасно е дека таа сума може да биде пониска за неколку десетици милиони, а Барселона би можела да покрие ваков трансфер само со евентуалната продажба на Френки де Јонг.