Дојде времето за одмори. Подготовките за море се во полн ек, а доколку сè уште не сте се одлучиле каде да летувате, можеби некоја од најубавите плажи на Грција ќе ви помогне да одлучите.
Веќе знаеме дека Грција е омилена летна дестинација. И тоа е земја која има сè! Грција излегува на три мориња и се наоѓа на стратешки важно место во Европа на самиот југ на Балканскиот Полуостров.
Таа е и културна лулка на Европа, а покрај богатата историја има бескрајно пространство од најубавите пејзажи во светот, па од планина до море, на нејзината убавина ѝ нема крај.
Затоа е многу тешко да се изберат само одредени делови од оваа земја. Сепак, со оглед на тоа дека е лето, ќе се обидеме да ги издвоиме петте најубави плажи.
А бидејќи Грција ги има во изобилие и секоја е совршена на свој начин, која и да се истакне заслужува да има статус на најубава.
Санторини е еден од симболите на Грција, а плажата Камари, покрај магичниот бел град, е симбол на овој остров. Позната е по црниот крупен чакал, долга е и се протега по целото шеталиште кое се наоѓа веднаш до неа.
Популарна е помеѓу туристите, бидејќи нуди сè што нѝ е неопходно во непосредна близина. Храна, пијалоци, продавници за сувенири, водени спортови. Убаво е уредена со лежалки и чадори за сонце за изнајмување.
Плажата Балос веќе со години спаѓа во десетте најубави плажи во Грција. Плажата потсетува на рајските плажи од Карибите поради белиот песок и бескрајната, речиси нереална тиркизна боја на морето.
Замокот на блискиот остров Грамвуса допринесува за убавината и мистичноста на ова место.
Плажата Балос се состои од два острова - Агрија, која е прилично дива, и Имери. Патот кој води до плажата Балос е доста непристапен, па затоа главно се препорачува да се оди со џип или со поголем автомобил кој може да оди по неасфалтирани патишта.
Ова е една од најпознатите плажи на светот. И се разбира, најпознатата плажа на Закинтос.
Се наоѓа на северозападниот брег на Јонското Море, а претходно беше позната како Агиос Георгиос (Свети Ѓорѓи). Бродот МВ Панајотис, кој се насука на нејзините брегови во октомври 1980 година, е најпрепознатливиот симбол на оваа плажа.
Оваа плажа е прогласена за една од петте најубави плажи во Европа. Се наоѓа на 75 километри од Хања.
Плажата е одвоена од југозападниот брег на Крит со лагуна со исклучително плитка и топла вода, а токму тоа е нејзината најпосебна карактеристика, заедно со розовиот песок.
Секоја плажа на Лефкада може да се прогласи за најубава плажа на светот! А Порто Кацики, освен што е симбол на овој остров, ги има и сите најубави можни епитети на вистински рај на земјата.
Се наоѓа во југозападниот дел на Лефкада, околу 44 километри југозападно од главниот град Лефкада. Плажата е сместена во карпест лак со зеленило на врвот, што се издига на север.
Почувствувајте го шармот на Грција и уживајте во една од овие рајски плажи.