Тен Хаг со драстични промени: Четири круцијални заповеди и две забрани за играчите на Јунајтед!

Дерби

04/07/2022

11:24

2.934

Големина на фонт

а а а

Ерик Тен Хаг почна да работи со дел од играчите на Манчестер Јунајтед, но додека ги чека и останатите ѕвезди кои добија подолга пауза поради обврските со репрезентацијата, Холанѓанецот веќе се погрижил за адаптација на неколку заповеди кои ќе мора да бидат испочитувани од сите.

Тен Хаг планира да го имплементира својот „тотален фудбал“, филозофија која негува апсолутно напаѓачи фудбал, па поради тоа, веќе ја всадува идејата во главите на фудбалерите и им испорачал четири заповеди.

Изворот до кој дошол „Сан“ открива интересни детали од првите тренинзи на Тен Хаг како менаџер на првиот тим, кои најверојатно се само почетокот на драстичните промени кои ќе следат во првиот тим. Покрај враќањето на утринскиот тренинг еден час порано (9 часот), познати се и првите две забрани кои ги добиле играчите кога е градењето на игра во прашање, но и однесувањето во соблекувалната.

„Сан“ открива дека играчите не смеат да ја враќаат топката назад без потреба, но исто така, нема да бидат толерирани и кланови во соблекувалната на тимот.

– Нема да бидат толерирани додавања наназад и играчите кои ќе го прават тоа ќе бидат вадени на тренинзите и ќе одмораат со минути. Клановите во соблекувалната ќе бидат тоталено искоренети и нема да се толерираат во ниту една ситуација, – вели изворот на „САН“, кој ги открива и првите четири заповеди кои ги добиле играчите.

– Јадете, спијте, играјте и повторете го истото!

Ова е тезата со која Тен Хаг се претставил на првите неколку тренинзи, на кои очекува докажување од младите фудбалери од школата кои можно е да добијат шанса под негово водство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг