(Фото) Илјадници и вечерва пред Владата, порачаа „Туѓо не сакаме, свое не даваме“

Нетпрес

03/07/2022

20:31

3.895

Големина на фонт

а а а

Илјадници граѓани, новинари, јавни личности, политичари и вечерва пред Владата продолжуваат со протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог.

Според нив, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Протестот што почна вчеравечер официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси. Протестот доби поддршка и од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг