Последните зборови на жената која почина по нападот на ајкула во Египет, се свртела пред да влезе во водата, па му рекла на својот партнер: „Се враќам набрзо...“

Точка

03/07/2022

18:09

12.870

Големина на фонт

а а а

„Се враќам набрзо“, биле последните зборови кои ги изговорила Австријка Елизабет Скваер (68) пред да влезе во водата во египетското летувалиште во Хургада каде ја нападнала ајкула, по што несреќната пензионерка починала.

Таа била извлечена од водата, но за жал не можеле да ја спасат, иако докторите се обиделе да ја реанимираат на местото. Префрлена била во приватна болница, а се верува дека починала од „шок“, односно од срцев удар и како последица на губење на многу крв.

Само неколку минути пред кобната несреќа, австриската пензионерка шетала по плажата, а потоа влегла во водата и му рекла на својот партнер: „Се враќам за набрзо“.

Потоа исчезнала во водата, а на површината околу неа се појавиле црвени дамки.

Потоа во водата се појавила огромната ајкула која претходно ја нападнала жената, додека останатите туристи во паника и страв набљудувале што се случува.

На видеото од нападот кое се појави на социјалните мрежи се слуша како преплашените луѓе го коментираат крвавиот настан.

Група руски туристи зборувале: „Каде се спасувачите? Таа е покриена со крв...“, други туристи исто така додале: „Спасувачи? Каде сте спасувачи? Таа ќе умре...“.

Египетските власти вчера затвориле дел од крајбрежјето на Црвеното море поради смртта на Елизабет Скваер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг