Совршен летен рецепт: Направете мусака од тиквички и воодушевете ги домашните

Точка

02/07/2022

23:25

30.979

Големина на фонт

а а а

Тиквици, мелено месо и уште по некоја намирница – за совршено летно јадење.

Иако ќе мора да ја вклучите рерната за овој рецепт, и покрај жештините, верувајте – нема да зажалите.


Состојки:

- 2 тиквички

- 500 гр. мелено месо

- 2 чешниња лук

- 1 кромид

- 3 јајца

- 1 морков

- 1 лажичка пиперка

- 300 мл. млеко

- сол, бибер и суви зачини по вкус


Подготовка:

Излупете ги тиквичките, пресечете ги и посолете ги. Кромидот и лукот пропржете ги на малку масло, па кога ќе омекнат додадете го меленото месо, ренданиот морков и пиперката, а потоа и другите зачини.

Динстајте уште малку.

Тиквичките распоредете ги на дното на тепсијата, ставете го месото одозгора и преклопете го повторно со тиквички.

Печете во загреана рерна, на 200 степени околу 30 минути. Пред крајот на печењето, изматете ги јајцата со млеко и прелијте ја мусаката.

Вратете во рерна да се потпече уште 10-15 минути.

На здравје!