Училиште во Србија забранило носење шорцеви, ученик се појавил во фустан: „Ако професорките можат да носат фустани пократки од шорцеви, можам и јас“

Точка

02/07/2022

17:22

16.549

Големина на фонт

а а а

Претходно оваа недела на социјалните мрежи се прошири видео од тинејџер кој, откако неговото средно училиште забранило момчињата да доаѓаат облечени во шорцеви, се појавил на настава во фустан. Сега објаснил и зошто се одлучил на таков потег.

Видеото кое ученикот на Средното политехничко училиште го споделил на својот ТикТок профил брзо стана популарно, а тој за српскиот „Телеграф“ објаснил зошто се одлучил да им се спротивстави на правилата на училиштето.

Помеѓу останатото, рекол дека патува долго до училиште на големи горештини, но и дека на ваквиот потег го поттикнале професорките кои носеле многу пократки фустани од шорцевите кои им се забранети на децата.

„До училиштето патувам 2 часа, често во автобусите нема клима, па тие услови се тешки да се издржат, а во нашето училиште не смее да се доаѓа во шорцеви... Тогаш решив, ако професорките можат да доаѓаат во фустани кои се пократки од моите шорцеви, зошто не би можел и јас, па да имаме исти стандарди“, изјавил ученикот за „Телеграф“.

Како што рекол, за појавување во фустан добил поддршка и од својата мајка која му го позајмила истиот и рекла дека „со тоа не прекршува ниту еден закон“, а на позитивни реакции наишол и кога пристигнал во училиштето.

Неговата објава моментално има над 1,7 милиони прегледи, а за овој несекојдневен потег дозна речиси целиот регион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг