Некои од жените во гардероберот секогаш чуваат тегла со ориз – кога ќе видите зошто, веднаш ќе го направите истото...

Точка

02/07/2022

17:00

12.879

Големина на фонт

а а а

За подготвување на овој освежувач за просторија и гардеробер ќе ви биде потребно стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло.

Оризот ќе ги апсорбира сите мириси од етеричното масло, па просторијата за момент ќе замириса на мирисот од етеричното масло кое сте го искористиле.

Овој начин е целосно природен, а мирисот ќе трае и до неколку месеци. Освен тоа, мирисот е навистина подобар избор од освежувачите за воздух кои се купуваат во продавниците поради тоа што тие содржат многу хемикалии.

Можете да изберете етерично масло со мирис којшто најмногу го сакате, но најделотворно во отстранување на непријатниот мирис е маслото од лимон.


Еве како да го направите:

- Теглата наполнете ја со ориз;

- Додадете од 10 до 20 капки од омиленото етерично масло;

- Поклопете, а потоа добро протресете за маслото рамномерно да се распореди по зрната ориз;

- Извадете го капачето, а теглата покријте ја со газа и зацврстете ја со гумичка.

Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или пак додадете уште неколку капки од етеричното масло.


Вака направениот освежувач за просторија може да го чувате и во било која просторија од домот или пак во гардероберот за алиштата да имаат пријатен мирис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг