Ѕвездата од турската серија „Невозможна љубов“, актерката Ебру Шахин и кошаркарот Чеди Осман, го кажаат судбоносното „да“ на свадбена церемонија која беше одржана во Охрид.
Причината нивната свадба да се одржи во Охрид е тоа што НБА кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Чеди, е по потекло од Македонија – тој е роден и неколку години живеел во Охрид пред да се исели со неговото семејство.
На церемонијата присуствувале семејствата на брачниот пар и нивните пријатели, а истата ќе се слави и во Чешме, Турција, каде парот и се запознал.
Свадбата траела два часа, а бродот пловел низ Охридското Езеро.
Инаку, Чеди и Ебру се заедно од летото 2020 година, а кошаркарот ја побара за жена во Кападокија по една година врска.