Граѓаните уште денеска излегоа пред Владата на РМ, од каде бараат оставки.
Тие протестираат против францускиот предлог којшто беше претставен во јавноста.
Инаку, овој предлог беше објавен од стана на Владата на РМ, денеска напладне, а претходно премиерот Ковачевски истакна дека со него се зачувани македонскиот јазик и идентитет.
„Позицијата во која се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Ќе дебатираме и во Парламентот, со опозицијата и со севкупната јавноста. Предлогот е солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став. Сите лажни тврдења во различни форми потонаа, го штитевме македонскиот интерес и идентитет. Во европскиот предлог има позиции за целосно прифаќање на македонскиот јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Нашата позиција за почнување на преговорите и Првата меѓувладина конференција е инкорпориран во предлогот доставен кај нас“, порача Ковачевски.