Тигар во Зоолошка во САД угинал како последица од коронавирус

Макфакс

01/07/2022

19:44

2.964

Големина на фонт

а а а

Тигар од Зоолошката градина Колумбус во Охајо, САД угинал откако добил пневмонија која е причинета поради Ковид 19.

14-годишниот тигар по име Јупитер имал неколку хронични болести, поради што бил чувствителен на коронавирусот, стои во соопштението од ЗОО.

Јупитер на почетокот на минатиот месец покажувал знаци дека е болен. Изгубил апетит, не сакал да се движи и не соработувал со чуварите. И по лекувањето состојбата не му се подобрила.

Потоа ситуацијата станала значително подобра, но во неделата угинал.

Јупитер од зоолошка градина во Москва бил префрлен во Чешка, а во 2015 година стигнал во САД.

Ова е првото животно од оваа зоолошката градина во Колумбус кое угинало како последица од коронавирусот.

Иако големите мачки во повеќе зоолошки градови ширум светот беа позитивни на Ковид 19 во последните 2,5 години, забележан е мал број смртни случаи. Дел од зоолошките ги вакцинираа и животните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг