Додека санкциите „го стегаат обрачот“, партнерството зацврстува: Путин директно им се обрати на западните сили – ова нема да ѝ се допадне на ЕУ

Точка

01/07/2022

21:14

7.777

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин, утрово на билатералниот форум изјавил дека политичкиот притисок од Западот ја забрзува интеграцијата на Белорусија со Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, зборувал за полтиичките притисоци на САД, Велика Британија и Европската унија и за односот на Русија со Белорусија.

„Невиден политички и општенствен притисок на т.н. колективен Запад нè тера да го забрзаме процесот на обединување, заедно да ја изнајмиме штетата од незаконските санкции, полесно да го совладаме производството на потребните производи, да развиеме нови компетенции, да шириме соработка со пријателските земји“, зијавил Путин алудирајќи на Белорусија, пренесува „The Moscow times“.


Русија и Белорусија потпишале договор за соработка во 1997 година којшто се нарекува „Договор за унија“. Тој договор треба да ги обнови врските на овие две држави кои се прекинати со распадот на Советскиот сојуз. Претседателот на Белорусија Александра Лукашенко го менувал својот став кон Русија во состав со политичката ситуација на земјата, но и во светот.

„Љубовта“ повторно оживеала кон крајот на 2020 година кога Путин му дал финансиска и политичка поддршка на Лукашенко да го згасне антивладиниот протест којшто бил предизвикан од политичките избори кои опозицијата и меѓународната заедница тврделе дека се наместени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг