Интересна промена во Јувентус: Влаховиќ се откажа од „7-та“ и ја ослободи по само шест месеци

Дерби

01/07/2022

16:59

4.402

Големина на фонт

а а а

Јувентус ќе има далеку поголеми амбиции во новата натпреварувачка сезона и целта на Алегри ќе биде да го врати тимот во трката за шампионската битка во Серија А, без оглед на тоа што составот го напушти Пауло Дибала.

Пол Погба и Ди Марија се само дел од имињата кои треба да пристигнат во Торино во најскоро можно време, но Јуве сезоната ја отвори и со една интересна промена кога се бројките на дресовите во прашање.

Душан Влаховиќ повеќе нема да биде „ДВ7“, бидејќи во новата натпреварувачак сезона ќе ја носите „9-та“ која досега му припаѓаше на Алваро Мората.

Централниот напаѓач очигледно повеќе го сака бројот кој му прилега на класичен голгетер, па со одлуката да ја ослободи „7-та“ му направи услуга на свој соиграч.

Федерико Киеза поради тешка повреда го пропушти вториот дел од сезоната и многу му недостасуваше на Јувентус, но во новата сезона ќе влезе со свежи сили и со нов број на грбот. Офанзивниот фудбалер досега ја носеше „22-та“, но сега на неговиот грб ќе стои „7-та“ која беше во сопственост на Влаховиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг